Нема повреда на Законот за основно образование со бадникарските поворки
Со учеството на учениците во бадникарските поворки во саботата не е прекршен Законот за основно образование бидејќи децата во таа верска манифестација не биле организирани во училиштата што е казниво со законот.
Инспектори од Државниот просветен иснпекторат (ДПИ) завчера и вчера извршиле надзор и досега добиле записници од 162 градски училишта од повеќето градови низ Македонија, меѓу кои и од 34 основни училишта во Скопје.
Директорот на ДПИ Томе Спировски за МИА изјави дека од официјалните записници што инспекторите ги добиле по разговорите со училишните раководства во дводневниот инспекциски надзор, заклучено е дека во ниту едно училише нема повреда на Законот за основно образование, зашто не е констатирано подготовка и план за верската прослава.
- Важно за нас е и тоа што немаме ниту една претставка или поплака од родител дека детето му било злоупотребено. Со оглед дека децата се на зимски распуст, најверојатно, според сознанијата добиени од записниците, учеството во поворките за Бадник биле организирани преку социјалните мрежи, изјави Спировски.
Нагласи дека надлежноста на ДПИ е да проверува дали законот се прекршува во училиштата, но не може, како што рече, да ги спречи децата да бидат на улица, каде што се граѓани исто како и нивните родители и наставници.
Откако Детската амбасада „Меѓаши“ реагираше поради учеството на групи деца во бадинакарските поворки, Министерството за образование и наука на 8 јануари му наложи на ДПИ да ги испита сите индиции за евентуално верско организирање.
Спировски додава дека и без тоа Инспекторатот по службена должност го контролира можното прекшување на законите и злоупотреба на децата во верски или политички цели.
Вели дека се работи за сериозен прекршок кој се казнува со 1.600 евра за училиштето, 30 отсто од определената глоба е за директорот и од 200 до 400 евра е износот на казната за наставникот.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања