-->
-->
НБА:Казинс донесе победа за Сакраменто
-->
Одличната партија на бековите на Портланд, трипл дабл учинокот на Џон Вол, 42-та, односно 39-те поени на Џејмс Харден и Демаркус Казинс ја обележаа ноќта во НБА лигата.
Џејмс Харден постигна 42 поени, но и покрај тоа Хјустон загуби во Солт Лејк Сити. Гордон Хејворд постигна 28 поени и беше најзаслужниот за победата на Јута, по едно продолжение, над Хјустон (117:114).
Тимската игра на Денвер (осуммина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени), не можеше да го спречи поразот од Сакраменто (110:114), каде блескаше Демаркус Казинс со 39 поени и девет скокови.
Бековската двојка на Портланд, Си Џеј Меколум и Демијан Лилард постигна по 34 поени и го предводеше тимот до победата над Бруклин 112:104.
Вашингтон запиша убедлив триумф над Њу Орлеанс (109:89). Џон Вол го предводеше Вашингтон со 16 поени, 12 скокови и 11 асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка
-
Претставници на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор ќе разговараат за планот за раст на регионот
-
Премиерот Фицо е во свесна состојба
-
Заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-
Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација
-
Во Србија уапсен човек поради закани кон претседателот на државата
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд и ретки грмежи