-->
-->
НБА: Србинот Јокиќ напиша историја со најбрз трипл-дабл
-->
Само неполни 15 минути му беа потребни на Никола Јокиќ да влезе во историјата на НБА лигата како играч кој во најкратко време постигнал трипл-дабл од 16 поени, 11 скокови и 12 асистенции на еден меч. Србинот одигра прекрасен меч против Милвоки Бакс кој Денвер го доби со 124-123.
Претходно овој рекорд го држеше Џем Такер кој во 1995 година во дресот на Сиракуза, до него дојде за 17 минути.
На крајот Јокиќ својата историска партија ја заврши со 30 поени, 17 асистенции и 15 скока за 11 трипл-дабл во неговата кариера. Српскиот кошаркар влезе во друштвото на Лери Брд, Џејмс Харден, ове се тројцата кошаркари кои во последните 35 години успеале да запишат вакви бројки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа