Направена измама во Општата болница во Кочани
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.Ј.(57), О.Ц.(45) и М.М. (60), сите од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во текот на јануари 2015 година во Јавната здравствена установа „Општа болница“–Кочани, првопријавената, како претседател на комисијата за спроведување постапка за селекција на кандидати, заедно со второ и третопријавената, како членови во истата комисијата при прием на работник–дипломиран кинезотерапевт, по претходно распишан јавен оглас, и покрај тоа што утврдиле дека во приложената документација од кандидатот Б.С. од Кочани, недостасувало уверение за положен стручен испит, без да го информират истиот за законските пречки за засновање на работен однос за тоа работно место, на 02.02. и 03. 02..2015 година му овозможиле да полага тестови по англиски јазик и стручен испит, по што Б.С. засновал работен однос на неопределено време во Јавната здравствена установа „Општа болница“ – Кочани, со што за периодот од февруари 2015 година до февруари 2018 година се стекнал со противправно имотна корист-плата во вкупен износ од 1.197.616 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на РМ.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа