Балкан
20. December 2024 - 12:52

Напаѓачот во основното училиште во Загреб е полнолетен, повредените надвор од животна опасност

Според новите детали кои ги соопшти хрватската полиција напаѓачот во основното училиште „Пречко“ во Загреб, кој утрово со нож повреди наставничка и неколку деца, при што едно дете почина, е 19-годишен хрватски државјанин.

Во полициското соопштение се наведува дека во болниците се примени петмина повредени, од кои три деца и двајца возрасни. Напаѓачот е под полициски надзор.

Минисерката за здравство на Хрватска, Ирена Хрстиќ изјави дека е згрозена од нападот.

Таа изрази сочувство до семејството на починатото дете, а за повредените рече дека се пренесени во болница и во овој момент сите се надвор од животна опасност.

 ХРТ објави дека децата кои заминувале на појадок виделе крв низ ходникот и млад човек како тепа момче, при што настанала паника и почнале да бегаат.

Младиот човек потоа влегол кај учениците од прво одделение. Таму најверојатно избодел неколку студенти.

Потоа истрчал од училиште и побегнал во блискиот Здравствен дом, каде се заклучил во тоалетот и се обидел да се самоубие, а полицијата го спречила.

Утрово 19-годишникот со остар предмет повреди наставник и неколку ученици во образовна институција во Загреб. Едно дете загина.

Напаѓачот е под полициски надзор, а на повредените им е укажана лекарска помош, соопшти полицијата претходно денеска.