Македонија
9. October 2024 - 16:36

Наместо оброк, Министеството за одбрана ќе им исплаќа надомест за храна на војниците

По труењето на војниците, Министерството за одбрана  го раскина договорот со кетеринг фирмата. По случајот со затруени 60 припадници на армијата,  биле пронајдени бројни други недостатоци во договорот. Министерот најави дека во иднина целосно ќе се исплаќа хранарина или ќе распишат нова постапка за нов снадбувач со храна.

За модернизација на одбраната следната година буџетот ќе биде поголем за 7 отсто. Од следниот месец ќе бидат  оперативни и двата хеликоптеркои беа на ремонт. Со парите од пакетот помош од ЕУ  дополнително ќе се вложува во капацитетите на армијата.

На војниците кои помагаа во кризната состојба со пожарите ќе им биде доделен бонус. Во отчетот министерот рече дека само за судски трошоци по однос на тужби треба да платат 17 ипол милиони евра од 2021 до денес. Го повика обвинителството да ги истражи причините за настанатата ситуација. Нов пакет помош з аУкраина ќе биде на дневен ред на следната владина седница.