Бизнис
13. October 2023 - 12:22

Намален прометот во индустријата август

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата, вкупно, во август 2023 година, во однос на август лани, е помал за 4.3%.

Вкупниот промет во индустријата, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.6 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 13.3 %.

Прометот во индустријата, вкупно, во август годинава, во однос на јули, пак е намален за 5.4%, додека во периодот јануари – август 2023 година, споредено со истиот период лани, бележи раст од 3.7%.

На домашниот пазар, прометот во индустријата во август 2023 година, во однос на август 2022 година, има раст од 1.3%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар, бележи пораст кај Капитални производи за 63.9 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.0 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.3 %.

Во август годинава, во однос на претходниот месец, пак, е забележано намалување од 3.4%, а во периодот јануари – август 2023 година, во споредба со лани има раст од 2.2%.

Прометот во индустријата на странските пазари, во август 2023 година, во однос на август 2022 година, е намален за 6.6%.

Според главните индустриски групи, раст се бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.2 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 13.9 %.

Прометот во индустријата на странските пазари, во август 2023 година, во однос на јули 2023 година, е намален за 6.4%, а во во периодот јануари – август, во споредба со истио период лани бележи раст од 4.1%.