Најмалку 65 убиени во напад врз полициска академија во Либија
Најмалку 65 луѓе загинаа во напад со камион-бомба врз тренинг-центар на полициска академија во западниот либиски град Злитен, јави ДПА, повикувајќи се на изјава на директорот на локалната болница Абдел Мотлеб бин Халим.
Повредени се најмалку 127 лица. Некои од повредените се одведени во болница во соседниот град Мисрата.
Градоначалникот на Злитен Мифтах Лахмади истакна дека камионот бомба експлодирал во момент, кога во тренинг центарот имало стотици регрути.
Злитен се наоѓа на 160 километри источно од престолнината на Либија, Триполи.
Во тренинг центарот се обучувале и членови на либиските гранични патроли.
Злитен е под контрола на либиската влада непризнаена од меѓународната заедница.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, наведува ДПА. Се претпоставува дека зад него стојат луѓе, лојални на групата Исламска држава.
Злитен е бизнис центар, во кој засега не е познато дали има исламисти, но сепак тој се смета за центар за илегални имигранти, кои се обидуваат да стигнат до Европа преку Средоземното Море.
Ново на Сител
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил
-
Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари
-
Уапсени седум педофили во Србија, во становите пронајден детски порнографски материјал
-
Русија ги обвини САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената