Свет
7. November 2023 - 13:52

Најмалку 40 луѓе го загубија животот во поплави во Кенија и Сомалија, а десетици илјади се раселени

Најмалку 40 луѓе го загубија животот, а десетици илјади се раселени во Кенија и Сомалија, поради обилните дождови и поплавите, соопштија Обединетите нации и Црвениот крст.

Во Сомалија Владата прогласи вонредна состојба, откако најмалку 25 лица загинаа во невремето што уништи куќи, патишта и мостови.

Итната помош и спасувачките служби се обидуваат да стигнат до околу 2.400 жители заробени во поројните води во областа Лук во јужната сомалиска држава Џубаланд.