Најмалку 11 убиени во пукањето во училиште во рускиот град Казан
Најмалку 11 лица загинаа, а четири се повредени во денешното пукање во училиште во рускиот град Казан, соопштија службите за итни случаи, пренесува Скај телевизија. Локалните медиуми соопштуваат за девет убиени деца.
Претходно, претседателот на Татарстан Рустам Миниханов, кој веднаш допатува на местото на нападот рече дека се убиени седум ученици.
– Изгубивме седум деца, ученици од осмо одделение, четири момчиња, три девојчиња. Тие починаа тука на третиот кат, истакна Миниханов. Тој информира и дека 16 лица лица се повредени, од кои 12 деца и четири возрасни, кои сега се во болница.
Претходно беше соопштено дека две вооружени лица отвориле оган во училиштето, а едниот од нив – 17-годишник – подоцна е приведен, додека другиот е елиминиран за време на нападот. Локалните власти соопштија дека некои деца се евакуирани од училиштето, но други сепак останале во зградата.
Властите соопштија дека се воведени дополнителни безбедносни мерки во сите училишта во Казан, главниот град на рускиот регион Татарстан, околу 700 километри источно од Москва.
Полицијата отвори кривична истрага за инцидентот.
Пукањата во училишта се релативно ретки во Русија, но во последните години имаше неколку насилни напади во образовни институции, главно извршени од ученици.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка