Награда од филмските критичари за „Кога денот немаше име” на фестивал во Белград
Филмот „Кога денот немаше име” на режисерката Теона Стругар-Митевска ја доби наградата на филмските критичари ФИПРЕСЦИ 23. Фестивал на авторски филм во Белград, соопшти продукцијата Митевски.
Според тричленото жири, македонско-словенечко-белгиската копродукција се одликува со сигурна режија, одлична работа на камерманот и компактна драматургија, кој „наспроти цикличната структура на приказната, во која се знае крајот на самиот почеток, го вовлекува гледачот до самиот крај“.
- Пред нас видовме дистописка, прецизна дијагноза на етнички и социјално раслоено општество, кое кореспондира со нестабилната реалност на Балканот, образложи жирито за филмот за кој пишува и српскиот печат.
Минатата недела, на 11. Мостарски филмски фестивал, кој е специјализиран за глума, наградата за дебитантско остварување му беше доделена на актерскиот анасамбл од филмот „Кога денот немаше име“.
Продукцијата Митевски известува и дека во ноември филмот бил прикажан на шест фестивали низ светот, меѓу кои последниот бил во Каиро.
На 6 декември ќе почне кинодистибуција во Белгија и Србија, а во Словенија киноприкажувањето на редовниот репертоар ќе почне од јануари. За следната година е најавена и кинодистрибуција во Југоисточна Азија и Кина.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата
-
Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено