-->
-->
Наеднаш добил вртоглавица, осип, отечени усни - Причината ги шокирала родителите!
-->
Докторите велат дека многу луѓе кои веруваат дека се алергични на пеницилин, всушност и не се. Хиперсензитивната реакција е главниот проблем кај примената на пеницилиниот, вели др.Томас Лет, алерголог од тексашкиот медицински факултет.
Многу луѓе кои пројавуваат алергија на пеницилинот не знаат зошто е тоа така. Можеби многу млади имале реакција или ја имал некој член од семејството па им е кажано на децата да не земаат пеницилин. Луѓето со алергија на пеницилин мораат често да земаат поскапи лекови кои можеби имаат и повеќе попратни појави.
Иако многумина тврдат дека се алергични на пеницилин, студија покажала дека 80 до 90 проценти од луѓето кои тврделе немаат никаков доказ за вистинска реакција на пеницилин и само непотребно го избегнуваат овој неверојатен антибиотик. Со едноставен тест може да се утврди алергија на пеницилин.
Реакцијата на лекот се јавува по 10 минути.
Пеницилинот не делува на вируси како на пример на обична настинка. Кога некој ќе добие антибиотик за вирусно заболување може да заврши со осип или други нуспојави кои потоа се припишуваат на пеницилинот.
Алергијата на пеницилин предизвикува осип, мачнина, дијареа, повраќање, отечени усни, јазик и грло и симптоми налик на асма. Алергијата на пеницилин може да предизвика пад на притисокот што доведува до вртоглавица. Доколку вашето искуство ги вклучува скоро сите овие симптоми, а со тоа имате и анафилактична која е животно сериозна, морате на доктор.
Првите реакции на пеницилин се случуваат многу брзо по примање на лекот, обично после 10 до 15 минути до еден час. Доколку ви е лошо во желудникот три дена по почетокот на терапијата, не се работи за пеницилин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%