Над две илјади нови студенти на Државниот универзитет во Тетово
Над 2000 бруцоши денеска присуствуваа на почетокот на новата академска 2018/2019 година на Државниот универзитет во Тетово. Ректорот на ДУТ Вулнет Амети симболично им ги подели индексите на новозапишаните студенти на свеченоста за првиот академски час.
- Образовно-научната понуда, наставниот кадар, современите услови за студирање, меѓународниот углед на ДУТ и соработката со многу високошколски институции во САД и ЕУ, како и стипендиите и олеснувањата на студирањето за најдобрите даваат резултат во интересот на илјадниците нови студенти од земјава и регионот што го продолжуваат своето образование на ДУТ, изјави Амети.
На Филолошкиот факултет при ДУТ годинава новозапишани се 130 студенти. Тука функционираат пет студиски програми, меѓу кои од 2004 година е и програмата за македонски јазик и книжевност.
- Во рамките на денешниот почеток на новата академска година, сите новозапишани студенти по свеченоста ќе имаат посети на секој факултет поединечно, каде што ќе се запознаат со академскиот кадар, наставната програма, распоредот и со се друго што е поврзано со студирањето, посочи Марина Спасовска, реководител на програмата за македонски јазик и книжевност.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци