Македонија
7. January 2023 - 8:28

На Табановце за излез се чека околу половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат утрово од АМСМ. 

- Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата има чекање околу 30 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Како што нагласуваат, ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.