Македонија
15. September 2024 - 16:36

На Охрид му треба елитен или масовен туризам

Каков туризам треба да развива Охрид дали  да се  стреми кон елитен или масовен туризам ќе се дебатира со надлежните од областа на туризмот и експерти .Градоначалникот Пецаков смета дека иако во шпицот на сезоната главниот туристички центар се соочува со огромен број предизвици како од аспект на сметот ,проблеми со водоснабдувањето  и паркингот сепак гужвите тој период  не можат да се  избегнат бидејќи најголемиот број граѓани тогаш го користат својот годишен одмор кога  и се  нуди богата програма за сечиј вкус.

Стратегијата за туризам треба да ги даде насоките како треба да се  изменаџира градот .

Од локалната од Охрид велат дека се прават напори со бројни настани и манифестации во текот на целата година а не само во шпицот да се продолжи сезоната во градот.