На 31 март, во МОБ: Петар Пан – балетска претстава за деца
Во Националната опера и балет, на 31 март, премиерно ќе бидат изведени две претстави на „Петар Пан“, балетот за деца. Станува збор за омилениот лик и роман на Џејмс Метју Бари, таткото на вечните деца и на сите оние што не сакаат да пораснат.
Ова е претстава за сите убавини на земјата Недојдија, за имагинација оплеменета со многу добра музика, игра и разноразни чудесии што ќе ги анимираат децата во претставите од 17.30 и 20.00 часот.
Оргиналноста на оваа претстава за деца и за сите који го чуваат детето во себе е што нема класичен наратор туку либретото го пее Ѕвончица, преку различни песнички.
Сценариото и сонговите ги потпишува Ристо Самарџиев, кореографија и режија се на Ирена Лозинска, а визуелната магија е доловена преку костимите на Елена Вангеловска и сценографијата на Љупчо Јованов. Музиката ја потпишува Владимир Дојчиновски -Дојчин, а продукцијата е на М- Соунд.
Петар Пан е музичко балетски спектакл, во кој учествуваат 56 деца од балетското студио „Арт балет“, заедно со Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау, гости при балетскиот ансамбл.
Ново на Сител
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени