МВР работи на идентификување на пироманот кој на ТикТок се пофали како пали шума
Полицијата работи на идентификување на идентитетот на пироманот кој на социјалната мрежа ТикТок се појафали како пали растенија во шума.
Од МВР велат дека добиле пријава преку сервисот „Црвено копче“ за лице кое на сервисот за споделување на видеа ТикТок се снима додека врши палење на јавни површини.
-Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика пријавата е доставена до СВР Скопје, со цел нивно запознавање и проследување до соодветната организациона единица која постапува по сторени кривични дела од таа област. МВР презема мерки и активности за утврдување на точниот идентитет на снимката и учесниците во неа, како и за понатамошно расчистување на настанот. МВР уште еднаш потсетува дека предизвикувањето пожар намерно или од човечко невнимание претставува кривично дело за кое се предвидени ригорозни санкции, парични и затворски казни зависно од крајните последици, велат од МВР за Сител.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања