-->
-->
МВР го упаси убиецот на Бурим Идризи, кој беше изрешетан во Чаир
-->
Полицијата соопшти дека го пронашла убиецот на 24-годишниот скопјанец, Бурим Идризи, кој беше убиен пред две години, пред угостителски објект на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир.
Убиството го извршил 29-годишник со иницијали О.А., кој денеска бил пронајден на локалниот пат Зелениково-Моране и приведен од страна на полициските службеници.
Убиството се случи пред две години, кога од возило во движење беше пукано кон момчето. Тогаш полицијата соопшти дека Идризи со возило на итната медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде починал, а убиецот се дал во бегство. Според информациите од полицијата, на убиството му претходела расправија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Анализа на американското разузнавање: Путин е порешителен од кога било досега
-

Захарова: Европа се движи кон самоуништување
-

При претрес во струмичко пронајдена марихуана
-

Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол
-

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини
-

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар
-

Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми си поднел оставка
-

Касами: Не можеме да застанеме зад Дехари во Кичево само затоа што е Албанец, мојата изјава е извадена од контекст
