Му извадил пиштол - крвава пресметка меѓу пензионери во тетовско
Во текот на вчњерашниот ден околу 16 часот полициски службеници од СВР Тетово, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во населба Дреновец, забележале тепачка помеѓу две лица. Едното од нив во рацете имало пиштол и со истиот го удирало другото лице во пределот на главата. Во тој момент полициските службеници, кои биле во цивилна облека и не биле на работа, интервенирале и ги разделиле двете лица. Од едното лице бил одземен пиштолот, по што била известена и дежурната служба за да испрати екипа за преземање на лицата и пиштолот. По пристигнување на полициските службеници од бил утврден идентитетот на лицата. Се работи за 70-годишниот И.Л. од селото Порој од кого со Потврда за привремено одземени предмети, бил одземен пиштол и 66-годишниот А.И. од Тетово, кој поради повредите со возило од брза помош бил префрлен во Клиничка болница Тетово.
Лицата се лишени од слобода и по извршениот разговор истите се пуштени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково
-
Приведен 25-годишник од Штип, бил баран со потерница поради бегство од затвор
-
Македонците во Белгија го чествуваат Велигден
-
Украина бара извинување од Фокс њуз затоа што напиша дека Киев е „руски град“
-
Зеленски: Русија на Велигден изврши 46 воздушни напади и 900 гранатирања на Украина