Можноста за секс со робот ги подели мажите и жените во новото истражување
Холивудските филмови до неодамна предвидуваа како всушност би изгледал секс меѓу луѓе и роботи, а со развојот на технологијата тоа денес повеќе не е невозможно, наведува Економик Тајмс.
Според последните истражувања кои ги спроведе Универзитетот во Медфорд, САД, повеќе од две третини од мажите би пробале секс со робот. Од друга страна, две третини од жените изјавиле дека тоа не би го направиле.
Истражувањето е спроведено за да се утврди дали луѓето во иднина би можеле да користат роботи за задоволување на нивните сексуални потреби. Исто така, истражувањето ќе даде увид во размислувањето на мажите и жените за врските и сексот.
Матијас Шојц, еден од членовите на истражуачкиот тим, изјави дека роботите ќе имаат голем ефект на луѓето.
- Тука не се работи само за секс, туку и за социјализација, рече Шојц и додаде дека роботите можат дури да предизвикаат и емоцинална штета на луѓето.
Во текот на истражувањето, мажите и жените се согласни дека посоодветно е да се има секс со робот, отколку да се ангажира проститутка. Исто така, тие се согласни дека со сексот со робот се минимизира ризикот од сексуално преносливи болести.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга