-->
-->
Москва: САД се обидуваат да ги врбуваат протераните руски дипломати
-->
Руското Министерство за надворешни работи ги обвини денеска американските разузнавачки служби дека се обидуваат да ги врбуваат руските дипломати, кои се протерани од САД поради труењето на поранешниот двоен шпион, Русинот Сергеј Скрипал во Велика Британија.
Во соопштението се нагласува дека постои „зголемување на провокациски дејствија врз руски дипломати“ откако САД донесоа одлука за протерување 60 руски дипломати од мисии во државата.
Амриканските разузнавачки служби презеле „избезумени напори“ да упатат предлози за соработка со протераните дипломати, наведува руското МНР. Таквите акции ги оквалификува како „цинични и одвратни“ и наведува дека тие обиди се неуспешни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“