Москва: Црвениот плоштад ќе биде затворен за Новогодишната ноќ поради безбедносни причини
Црвениот плоштад во Москва, тредиционалното место за собир на Русите и туристите во руската престолнина по повод дочекот на Новата година ќе биде затворен на 31 декември поради безбедносни причини, соопштија денеска градските власти.
Оваа година полицијате ќе ги враќа сите кои ќе пристигнат на плоштадот со желба на тоа место на полноќ да ја испратат старата и да ја дочекаат Новата година, изјави шефот на безбедносната служба во Москва, Алексеј Мајаров.
Како официјална причина за затворење на една од најголемите туристички атракции во Русија се наведува снимањето на концертот во живо за државната телевизија „Канал 1“, на кој ќе може да присуствува само одбрана публика, пренесуваат руските медиуми.
Москва воведе низа остри безбедносни мерки откако во ноември во Париз беше изведен терористички напад.
Нападите во Париз за зголемија вознемиреноста по соборувањето на рускиот патнички авион над египетскиот Синај кон крајот на октомври, кога се убиени 224 лица, за што Москва тврди дека е терористички акт.
- Не е тајна дека Москва е посакувана мета на меѓународните терористи, изјави во текот на декември градоначалникот на Москва Сергеј Собјанјин.
Ново на Сител
-
Утре врнежи од дожд, на повисоките планини повремен снег
-
Кривична против лице од Неготино за „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“
-
Москва му одговори на Зеленски за „заменски реквизити“, го нарече кловн и губитник
-
Гаши: До собранието се уште не е доставена оставка на Таравари, ниту предлог за гувернер
-
Захарова: Руската делегација пристигна во Истанбул, подготвена за сериозни разговори
-
Лишени од слобода две лица во Гостивар и Тетово, возеле со 1.74 и 1.52 промили алкохол во крвта
-
Охрид домаќин на финалниот турнир во ракометниот Куп на Македонија
-
Абутовиќ и во новата сезона во дресот на Еурофарм Пелистер