Мнозинството граѓани се изјаснија за промена на Уставот на Чиле
Државната изборна комисија на Чиле соопшти дека според неофицијалните податоци околу 78 проценти од граѓаните односно 7,3 милиони луѓе се изјасниле за промена на Уставот на вчерашниот референдум.
Владејачките конзервативци се согласија со опозицијата на левиот центар да организираат референдум со цел да запрат масовните граѓански протести, кои избија пред една година поради нееднаквите пензиски права и проблемите во образовниот и здравствениот систем на Чиле.
Седумдесет и осум проценти од граѓаните се изјаснија на нацрт уставот да работат 155 избрани граѓани наместо телото составено од подеднаков број избрани граѓани и членови на Конгресот. Избраните граѓани ќе работат на нацрт уставот, што треба да биде претставен на граѓаните на Чиле во средината на 2022 година.
Претседателот на Чиле, Себастијан Пинера ја призна победата на привразниците на новиот устав, но предупреди дека тоа е почеток на долг процес.
Чиле е една од најразвиените држави во Јужна Америка, чиј Устав е уште од времето на воената хунта на генералот Аугусто Пиноче.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка