Младите од Вевчани ги изучуваат тајните на традиционално изворно пеење
Во рамки на Фестивалот за народна култура „Пображење“ што се одржува во Вевчани како содржина е вметната и работилница за традиционално изворно пеење предводена од доц. д-р. Велика Стојкова-Серафимовска, етномузиколог при Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје.
Работилницата има за цел да ги запознае младите со особеностите и спецификите на традиционалното изворно пеење и да претставува поттик за негово негување, презентирање и пренесување низ генерациите.
Стојкова-Серафимовска изрази задоволство што има можност да ја води работилницата на место какво што е Вевчани, каде традиционалното изворно пеење е живо и каде се негува и пренесува од генерација на генерација.
- Вевчани е едно од ретките места во Македонија каде песнопојната традиција живее. Вевчанските Лазарки се пример за тоа. Токму лазарското пеење во Вевчани се обработува овие денови во првиот дел на работилницата, а во вториот дел обработуваме изворни традиционални песни од други краишта на Македонија со цел да можат учесниците на оваа работилница да се запознаат и со други песнопојни традиции и начини на пеење, како дел од нашето богато и разнолико нематеријално културно наследство, изјави таа.
Вевчани деновиве живее за фоклорот. Во рамки на втората фестивалска вечер на „Пображење“ на Големата летна сцена во селото ќе настапат КУД „Керамичар“ од Велес, ХКУД „Железничар“ од Загреб, ФА „Стропковчан“ од словачкиот град Стропков, Ансамблот „Магура Цодлеа“ од Брашов – Романија како и КУД „Млади рудар“ од Добрња, БиХ.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера