Ракомет
13. July 2021 - 18:19

Младите македонски ракометарки пропуштија нова победа

Свој настап денове во Скопје има и младата женска ракометна репрезентација на Македонија со 19 години. 
 
Избраничките на селекторот Љубомир Саваски пропуштија добра можност да забележат победа на вториот натпревар на ЕХФ шампионатот што се одржува во Скопје. 
 
Тие во дуелот проти врсничките од Фарски Острови не ја оправдаа фаворитската улога и одиграа нерешено 24-24 
 
Мечот беше неизвесен до самиот крај. За наша несреќа попуштивме во последните моменти и дозволивме ривалот да се избори за реми. 
 
Јанкуловска со осум, Џатевска со пет и Миновска и Арсениевска со по четири беа најефикасни во Македонија, додека Палсдотир со пет погодоци беше прв стрелец на Фарските острови.
 
Следниот меч македонската селекција ќе го игра утре против Холандија селекција која веќе оствари две победи во натпреварите од Б групата.