Министерство за финансии: Неправосилна одлуката на Управниот суд за аукциите
Одлуката на Управниот суд по прашањето на аукциите на државни хартии од вредност е неправосилна, наведува Министерството за финансии во реакција на денешната изјава на дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.
Министерството за финансии и министерот за финансии, се вели во реакцијата, веднаш штом ја добија оваа одлука доставија навремена жалба до Вишиот Управен суд. - Со оглед на тоа дека одлуката на Управниот суд се уште не е правосилна, во сила е одлуката на Државната изборна комисија дека дополнителниот заменик министер нема право на вето на аукциите на државни хартии од вредност, наведува Министерството за финансии.
Издавањето државни хартии од вредност, нагласува ресорното Министерство, е редовен процес за финансирање на буџетот, кој се практикува во секоја земја и кој е предвиден и усвоен со Буџетот на Република Македонија. Досега реализираните аукции се во рамки на предвиденото со Буџетот за 2016 година, стои во реакцијата.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци