Министерот Беким Сали се обрати на 75-та Асамблеја на СЗО во Женева
Министерот за здравство, Беким Сали учествува на 75-та Асамблеја на Светската здравствена организација во Женева, Швајцарија.
Во обраќањето на тема „Здравје за мир и мир за здравје”, министерот Сали се осврна на реализираните активности и подготвеноста на здравствениот систем за што поуспешно справување со ковид пандемијата, што е добра основа и за соочување со идни кризни состојби, соопшти МЗ.
– Последните две години пандемијата КОВИД-19 беше предизвик за сите нас. За жал, пандемијата одзеде човечки животи и во Република Северна Македонија. Сето ова претставуваше вистински предизвик и ја подигна потребата од цврста основа за брзи и долгорочни мерки за подобрување на тековниот одговор на КОВИД-19, како и за зајакнување на подготвеноста на Северна Македонија за различни кризни состојби воопшто, рече министерот Сали.
Во однос на трагичните последици со човечко страдање и загуба на животи, како и лишување на цели заедници од здравствена заштита во контекст на актуелната состојба со Украина, министерот Сали се осврна на принципите на Уставот на СЗО, потенцирајќи ја потребата да продолжиме да го штитиме и унапредуваме здравјето како основна вредност за постигнување мир и безбедност, дури и во најтешките ситуации.
– Веруваме дека оваа иницијатива ќе придонесе за зајакнување на мостот што ги поврзува хуманитарната помош, долгорочниот одржлив развој и градењето мир, заклучи Сали, додавајќи дека здравјето и мирот треба да се градат неразделно бидејќи тие се единственото вистинско решение за секоја ситуација.
На маргините на Асамблејата, министерот Сали оствари билатерални средби со генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, со Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, со португалската министерка за здравство, Марта Темидо, како и со федералниот министер за здравство на Германија, Карл Лаутербах.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера