Минимална плата во Белгија се зголемува на 2029,88 евра
Загарантираната месечна минимална плата за полно работно време во Белгија од утре се зголемува на 2029,88 евра, јави дописникот на МИА од Брисел.
Досега, загарантираната минимална плата во земјата изнесуваше 1992,38 евра, а зголемувањето е во рамки на планот на Владата за нејзин раст оваа година за 37,50 евра. Следното зголемување, исто така за 37,50 евра, е предвидено за 2026 година.
Поголема минимална плата од Белгија од утре ќе имаат само Луксембург и тоа од 2570,93 евра, Ирска од 2146,30 евра, Холандија од 2070,12 евра и Германија од 2054 евра.
По Белгија следна е Франција, каде од 1 јануари годинава минималната плата е покачена на 1766,92 евра.
Во својата предизборна програма за белгиските парламентарни и регионални избори, што ќе се одржат во јуни заедно со европските избори, валонската Социјалистичка партија (ПС) ветува дека во следните години минималната плата во Белгија ќе се зголеми на 2800 евра. Според анкетите, се очекува ПС да освои најмногу гласови во Валонија и да биде трета по јачина сила во регионот на Брисел, со што би имала најголем број пратеници меѓу партиите од актуелната седумпартиска владејачка коалиција.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати