Loading Video...
Кошарка
5. January 2023 - 18:43

Милвоки по продолжение го победи Торонто, Чикаго ја прекина победничката серија на Бруклин

Предводени од Јанис Антетокумпо кој оствари трипл-дабл со 30 поени, 21 поени и 10 асистенции, екипата на Милвоки забележа победа на гостувањето кај Торонто со 104-101 дури по продолжението.
 
Иако Бакси на три минути до крајот имаа и 21 поен предност сепак Торонто се избори за дополнителни пет минути, кои не беа доволни за да направи комплетен пресврт.
 
Од останатите средби издвојуваме.
 
Супер драматичен меч се одигра во Детроит каде „Пистонски“ кои се меѓу најслабите екипи во лигата, го совладаа актуелниот шампион Голден Стејт со 122-119.
 
Клеј Томсон со тројка на секунда до крајот го израмни резултатот, но на спротивната страна Сади Беј погоди тројка за само 11-та победа сезонава.
 
Бадијала беа 44-те поени на Кевин Дуран и 25-те на Кајри Ирвинг, кога Бруклин не успеа да слави на гостувањето кај Чикаго. „Булси“ победија со 121-112 со што ја прекинаа низата на Бруклин од 12-победи во низа.