Милошоски: Дел од тензијата меѓу Заев и Борисов е поради дадени бизнис ветувања
Дел од тензијата меѓу Заев и Борисов се однесува на некои дадени ветувања од Заев кои што македонската јавност не ги знае поврзани со македонската сторија, идентитет, јазична и културна самобитност но исто така поврзани и со ветувањето за влез на Бугарија во една голема македонска банка и во една голема телекомуникациска куќа, вели во изјава за Сител, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски.
Тој како претседателот на Комисијата за надворешна политика утрово повторно закажа нова седница на која по враќањето од Софија очекува во Собранието да ги види министерот Османи и Вицепремиерот Димитров кои очекува да ги информираат пратениците за тоа како течат преговорите со Бугарија за деблокада на интегративниот процес. Претходната ваква седница пропадна бидејќи пратениците од мнозинството не дојдоа на Комисијата па опозицијата немаше кворум. Не дојде ниту вицепремиерот Димитров кој рече дека стравува дека во законодавниот дом може да се зарази со корона вирусот што би го спречило да патува и да биде дел од македонската дипломатија во овие, како што рече важни времиња.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска