Милионски објект, стан 100.000 евра, ауди А6 11.000 евра, два депозити навел Груби во анкетниот лист
Милионски објект, стан вреден 100.000 евра во Скопје, две возила и повеќе депозити, пријавил во анкетниот лист првиот вицепремиер Артан Груби, пишува фактор.мк.
Во анкетниот лист Груби пријавил и друг имот за кој не ја конкретизирал сопственоста односно не навел дали е личен, а е практично легализиран надграден објект кој впрочем вреди еден милион. Сепак во табелата нема дали станува збор за евра или друга валута.
Станот во Скопје за кој стои дека е стекнат со купопродажба е вреден 100.000 евра и има 115 квадрати. Груби пријавил два автомобили една стара „ксара“ вредна илјада евра и ауди А6 вредно 11.000 евра.
Груби има депозити, едниот од 138.000 другиот од 156.000 но нема податоци дали тоа се евра или денари. За разлика од едната сметка која е запишана како транскациска и на која има 422.873 денари.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата