Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ денеска нагласи дека Хрватска е дното на ЕУ кога се гледаат поранешните социјалистички земји, и дека „единствено Бугарија е полоша од нас“.
„Бугарија е единствено полоша од нас и секое утро му се молиме на Бога ништо не им се случи да има кој да биде последен….Тоа не е она со што треба да се задоволиме. Сега немам ништо со ниту една партија, ниту со ниту еден изборен список. За почеток, Хрватска мора да биде некаде на средина, а потоа да размислува да биде најдобра во конкуренција со Унгарија, Чешка, а не со Данска и Шведска, да биде како Словенија, која имаше менаџерски способности и среќа да се развие малку поинаку отколку Хрватска во изминатите 30 години и можете да го видите тоа“, рече Милановиќ.
„Ни треба децентрализација, вели тој. „
Секогаш е големо прашање до кој степен можете да ја дезинтегрирате државата и да ја оставите власта да оди кај народот, најдиректно кај народните избраници, без да ја разнишате државата и да и го одземете она што и треба, што е еден вид вертикала“.
Нивото на децентрализација во Хрватска, вели тој, е „за жал мизерно и никакво.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава