Микл-Лајтнер: Чесно е да им се каже на бегалците дека рутата е затворена

Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер денеска во Брисел изјави дека бегалците кои се блокирани на грчката граница со Македонија треба да сфатат дека немаат шанси да ја преминат.
- Најчесно е на бегалците да им се каже: не е можно веќе да се премине преку балканската маршрута. Таа е затворена. Најголем проблем е што кај бегалците и натаму се уште постојат надеж и очекувања, истакна Микл-Лајтнер.
Таа, претходно, во интервју за германскиот весник „Ди Велт“ нагласи дека „балканската рута преку мигрантите сакаат да пристигнат до богатите земји ќе биде затворена засекогаш“.
Македонија ја затвори границата со Грција за илегални мигранти, откако Словенија, Хрватска и Србија, кои се на патот кон Австрија, објавија нови остри ограничувања за влез на мигрантите.
- Мојата позиција е јасна: балканската маршрута останува засекогаш затворена, изјави австриската министерка.
Минатата година повеќе од 1,5 милиони мигранти пристигнале во Европа, предизвикувајќи жестоки политички дебати ширум континентот за решавање на кризата.
Ново на Сител
-

Шведска планира затворски центри за криминалци на возраст од 13 години поради растот на криминалот на бандите
-

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
