Мицкоски: Во исто време кога владата и Заев тргуваат со името и достоинството на граѓаните, економијата и индустриското производство тонат
Во време кога пред очи имаме трговија од страна на владата со националните и државни интереси, кога се склучува капитулантскиот договор на Зоран Заев со кој се брише името Македонија и се прават редица други отстапки на штета на државата, и во период кога Македонија останува без датум за преговори, економијата продолжува да тоне.
Катастрофата во националната политика е само еден дел, а во реалниот живот е уште полошо.
Со раст од 0.1 % економијата на Република Македонија е најслаба во Европа, а најновиот податок за индустриското производство во мај од 1.1% покажува дека растот на индустријата е недоволен и далеку од потребното ниво. Тоа значи дека граѓаните продолжуваат да осиромашуваат, а економијата да е закована на дното. Производството во рударството е во слободен пад од минус 7.3 %, секторот Енергија забележува пад за 6.3 %, и нетрајните производи за широка потрошувачка за цели 6.0 % итн.
И кога ќе сакаат да престават лажна разубавена слика која е далеку од реалноста ќе кажат дека во април индустриското производство пораснало за цели 1.5 %, но во исто време пропуштаат да кажат дека освен тоа што растот е незначително мал, тоа е и далеку зад европскиот просек.
Кога во Македонија имаме очајно индустриско производство кое бележи рас од скромни 1.5%, Словенија за месец април споредено со истиот месец лани има раст од 6.5 % или индустриското производство растело скоро за 4ипол пати повеќе од она во Македонија за истиот период. Романија пак забележува раст од 6 % што е за 4 пати повеќе од Македонија за истиот период, Полска раст од 5.9 %, Словачка раст од 4 %, Португалија и Финска раст од 3.8 отсто итн.
Македонија на чело со Зоран Заев пропушта драгоцено време. Граѓаните добро знаат дека не живеат подобро, ниту пак работите ќе тргнат кон подобро. Сите алибија на оваа влада се веќе потрошени. Имаме ситуација каде владата го одзема достоинството на народот, во исто време кога создава сиромаштија и истата ја зголемува. Младите се најпогодени и затоа си заминуваат и ја напуштаат нашата држава и тоа мора да престане.
Моја особена грижа ќе биде вниманието за потребата на оваа категорија на граѓани, затоа што тие заслужуваат подобро и тие заслужуваат повеќе. А ние тоа ќе го овозможиме.
За почеток ќе овозможиме загарантирано вработување за 500 – тини најдобри студенти секоја година. Наместо во странство тие својата иднина ќе ја градат тука меѓу своите најблиски во нашата татковина. Ќе понудиме и многу други проекти, следете не.
Работите мора да се променат. Состојбата на порази кои оваа влада и Зоран Заев и ги носат на Македонија мора да престанат. Македонија заслужува подобро и Македонија заслужува победи.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево