Мицкоски од Гази Баба: Ќе донесеме поевтина струја и политики за сите луѓе
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, од Гази Баба денеска ја почна акцијата „Македонија за сите луѓе“, порачувајќи пред присутните дека ќе донесат поевтина струја и политики во корист на сите луѓе.
– Денеска ќе зборуваме како до гасификација на домаќинствата, како до најмалку 50 проценти гасифицирани домаќинства во нашата Македонија, со бесплатен приклучок за гас, без дополнителни трошоци, ќе зборуваме како до поевтина струја преку произведување на електрична енергија, а тоа ќе го постигнеме со продолжување на работниот век и модернизирање на производните погони, тоа се рударско енергетскиот комбинат во Битола и рударско енергетскиот комбинат во Кичево, рече Мицкоски во изјава за медиуми.
Тој воедно додаде дека тие имаат сосема спротивна политика од Владата на СДСМ.
– Ние зборуваме како да го модернизираме и да го продолжиме работниот век на термоцентралата Битола, и термоцентралата Осломеј најмалку до 2040 година. Ќе зборуваме за подобрување на животната средина, на екологијата, најмалку 50тина проценти поквалитетен воздух за граѓаните споредено со оваа ситуација која што е денеска. Ќе зборуваме за темите кои што навистина живот значат за граѓаните и кои што ќе бидат значајни во периодот кој што следи а тоа се овие локални избори, изјави Мицкоски.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци