Мицкоски ги повикува Македонците од Албанија да гласаат за македонскиот кандидат за пратеник Панди Јани
Во Албанија во недела се одржуваат парламентарни избори. На изборите, Македонците што живеат во Албанија имаат можност да одлучат за својата иднина. Ги повикувам масовно да излезат на гласање и да направат избор за подобра иднина, за економски просперитет и почитување на националните права на Македонците, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својата Фејсбук страница.
-Браќа и сестри Македонци, на овие избори, партијата ЛСИ на Моника Круеманди за изборната единица во регионот Корча на својата листа го има Панди Јани од Пустец како кандидат за пратеник. Убеден сум дека Панди Јани, кој е млад и перспективен политичар со добра иднина, најдобро ќе ги застапува интересите на Македонците во Албанија. Панди Јани е одличен избор за сите Македонци, бидејќи партијата ЛСИ со својата програма, но и со делата што ги покажа во минатото за македонската заедница е најдобриот избор. ЛСИ и нејзините први луѓе секогаш се залагале за Македонците, затоа ги повикувам на овие избори да гласаат за ЛСИ во изборната единица во регионот на Корча!, повикува Мицкоски.
За подобра иднина и плодна соработка меѓу Македонија и Албанија, вели Мицкоски во својата објава
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи