Свет
25. јуни 2021 - 8:26

Меркел: Нема согласност во ЕУ за прашањето за можна средба со Путин

Шефовите на држави и влади на ЕУ разговараа и ја отфрлија иницијативата на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон за одржување состанок на лидерите на блокот со рускиот претседател Владимир Путин, изјави Меркел.

Таа иницијатива не е вклучена во завршната декларација на Европскиот совет за Русија поради приговорите на голем број земји-членки од Источна Европа, кои изјавија дека се подготвени да стават вето на овој документ, јавија западни медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.

Германската канцеларка исто така рече дека Европската комисија ќе продолжи да го проучува унгарскиот закон за ЛГБТ и лидерите на ЕУ се согласија да обезбедат помош за Турција од речиси три милијарди евра во рамките на пактот за миграцијата.