Меркел: Не обвинувајте ја Германија за сириските бегалци
Германската канцеларка Ангела Меркел побара нејзината земја да не се обвинува за бранот сириски бегалци кои што се обидуваат да дојдат до Германија.
Меркел изјавата ја даде откако стотици бегалци беа блокирани на главната железничка станица во Будимпешта од каде што по неколку часовни протести продолжиле кон Германија како главна европска дестинација.
Претходно, унгарската влада ја пофали владата во Берлин за пофлексибилен однос кон сириските бегалци. Германската влада им сугерира на европските претставници да не ги враќаат сириските бегалци назад во првата земја каде што стапнале во ЕУ како што налагаат правилата на унијата.
Меркел денеска изјави дека „Сиријците имаат големи шанси да добијат азил што не би требало да биде изненадување ако се имаат предвид европските правила“, но таа порача дека на ист начин со бегалците треба да постапуваат сите европски земји, а не само Германија.
- Јасно дека сегашните правила не се практикуваат, изјави Меркел, според која одговор на новите миграциски предизвици е заедничка европска политика за азил со „фер дистрибуција“ на бегалците кај сите 28 членки на ЕУ.
Официјален Берлин очекува до крајот на годинава да згрижи над 800 илјади потенцијални азиланти од Блискиот исток, Африка и јужна Европа.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228