Меркел ги повика граѓаните да истраат и покрај локдаунот и проблемите со вакцините
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска, во интервју за јавниот радиодифузер АРД, ги повика граѓаните да истраат и покрај актуелните тешкотии со локдаунот и испораките на вакцини.
-Доколку издржиме уште некое време, тоа ќе биде подобро, рече Меркел, пренесе ДПА. Таа кажа дека сега е намалена стапка на инциденца на 100 нови заразени лица на 100.000 жители во една недела.
-Тоа е добро постигнување. Долго време не бевме на тоа ниво. Но, преку Министерството за здравство ние се уште немаме контрола врз вирусот, кажа канцеларката во интервјуто. Меркел ја бранеше и стратегијата за вакцинирање во земјата, изјавувајќи дека таа мора да биде динамична и да се прилагоди на можностите на производителите, додаде ДПА.
-Не можеме да направиме крут план за вакцинација, рече таа. Меркел, сепак, го повтори ветувањето дека до крајот на летото на секој граѓанин ќе му биде понудена вакцина. Таа, исто така, кажа дека граѓаните може да очекуваат олеснување на мерките пред сите да бидат вакцинирани, но сите ги повика да се придржуват до правилата за дистанца и да бидат внимателни.
Меркел, која треба да се повлече од политиката по изборите во септември, ја задржа својата популарност во анкетите и покрај тоа што постојано се залагаше за строги мерки на заклучување, пренесе ДПА.
Ново на Сител
-
Политико: Колапс на напорите да се задржи ултрадесницата надвор од власт во ЕУ
-
Косовската опозиција со резолуција бара оставка на Курти и распуштање на Собранието
-
Сиљановска Давкова: Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме
-
Санкционирани 106 возачи на територијата на Скопје
-
Кацарска на 19. Конгрес на Конференција на европски уставни судови во Молдавија
-
Километарски колони на Богородица - се чека и по еден час
-
Првата група украински пилоти ја завршија обуката во САД за управување со Ф-16
-
Елмедин Конаковиќ најави протестни ноти до земјите што беа против резолуцијата за Сребреница