Меѓународна работилница за стандардите на ЕУ за обука на судии и обвинители
Меѓународна работилница за „Стандардите на ЕУ за почетна обука на судии и јавни обвинители“ ќе се одржува денеска и утре во Скопје, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (ТАIEX) на Европската Комисија.
Целта на работилницата е да се зголеми знаењето на учесниците за стандардите на ЕУ во врска со изборот и почетната обука на идните судии и јавни обвинители.
- Обезбедувањето соодветна обука на судиите и јавните обвинители е клучна цел во областа на владеење на правото, што претставува клучен дел од процесот на интеграција во ЕУ. Целта е да се зајакне ефикасноста, професионалноста и транспарентноста на судските и обвинителските институции и да се помогне во изградбата на областа на правдата, а зголемување на довербата меѓу европските земји, практичарите и граѓаните, велат организаторите.
На работилницата ќе учествуваат судии, јавни обвинители и претставници од сите релевантни институции од Република Македонија и претставници од Правосудните Академии од земјите од Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Турција.
Во рамките на работилницата излагања ќе имаат директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска, генералниот секретар на Европска мрежа за судска обука Војчех Постулски, директорот на Белгиски институт за судска обука Раф Ван Рансбег, судијата во Окружниот суд Кристианстад, Шведска, Ленарт Јохансон, како и претставниците од Правосудните Академии од земјите од регионот.
Ново на Сител
-
Пет лица повредени во сообраќајка кај патот Маврово-Гостивар во која учествувале осум возила
-
Приведен 46-годишник, со огнено оружје се заканувал на пријавителот
-
35-годишна жена од Богданци физички нападната од нејзиниот сопруг во угостителски објект
-
Уапсен игумен во Грција додека се обидувал да продаде византиски реликвии за 200.000 евра
-
Алкараз и Синер ги сменија местата на врвот на АТП ранг-листата
-
Активни шест пожари на отворено во државава
-
Со 2,62 промили алкохол во крвта, жител на Дреново возел на регионалниот пат Кавадарци - Возарци и излетал од патот
-
Приведен 37-годишник од Арачиново, возел со 91 километри на час на место каде е дозволено 40