Македонија
18. April 2026 - 16:39

Меѓународна конференција за зајакнување на улогата на жените во процесите на донесување одлуки

Учеството на жените во политиката и креирањето на одлуки е важно во процесот на интерграции и проширувањето на европското семејство. Но жените треба да бидат и на лидерски позиции, затоа важно е унапредување на женското лидерство, заклучија учесничките на меѓународниот настан во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и  фондацијата „Конрад Аденауер“, кој се одржува во Скопје. Преку интерактивен формат, настанот ќе придонесе кон зајакнување на регионалната соработка и поддршка на европските политики.