Македонија
18. April 2026 - 16:39

Деменцијата зема замав - недостигаат институции

Недостасуваат соодветни институции и обучен кадар за згрижување на лицата со деменција .Во услови кога се повеќе стари лица живеат сами, а овие болести земаат се повеќе замав треба барем да се формираат  повеќе дневни тријажни патронажни сервиси. 

Деменцијата е претежно болест на старата популација и во 85% од случаите се јавува над 65 годишна возраст. 

Деменцијата со Алцхајмеровата болест како нејзина најчеста форма, е чумата на 21-от век. Во светот на секои три секунди се дијагностицира нов пациент со Алцхајмер.Податоците од 2020 година на светско ниво говорат дека 55 милиони жители се регистрирани на годишно ниво во светот од Алцхајмер.