Loading Video...
Свет
23. March 2023 - 16:29

Медведев: Апсењето на Путин би било „објава на војна“

Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг изрази загриженост поради руските закани кои дојдоа откако судот издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин поради основано сомнение за извршени воени злосторства за време на војната во Украина. 

Москва со закани и постапки се обидува да ги попречи меѓународните напори за обезбедување одговорност за прекршување на меѓународното право реагира судот. 

Реакцијата следи откако екс рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека секоја земја која ќе се обиде да го уапси Путин врз основа на потерницата издадена од судот во Хаг ќе значи објава на војна против Русија, но и откако Москва отвори кривична постапка против дел од обвинителите и судиите од Судот.  

Путин нема да биде уапсен ако стапне во Унгарија соопштија од кабинетот на премиерот Орбан. Од таму велат дека налогот на  Меѓународниот кривичен суд не важи во Унгарија, бидејќи Римскиот статут за основање на судот, иако е потпишан и ратификуван не е вметнат во нашиот правен систем.