Медиуми: Турција уништи арсенал на терористички групи во Сирија
Турција денеска уништи арсенал и командна позиција, кои им припаѓаат на терористички групи, јави турската државна агенција Анадолија во момент кога курдската милиција во Сирија ја обвинува Анкара дека бомбардирала нејзини цели.
Агенцијата не наведува дали турските сили ги гаѓале целите со артилериско оружје или од авион, ниту кои групи биле цел на нападите, но нагласи дека се погодени цели јужно од градот Џараблус, кој протурските бунтовници во средата го презедоа од џихадистите.
Прокурдските бунтовници во Сирија претходно соопштија дека биле мета на турски воздушни напади, а истовремено Сирискиот центар за мониторинг на човековите права истакна дека борци кои ги поддржуваат Курдите се судриле денеска со турските тенковски сили во северниот дел на Сирија, во близина на границата со Турција.
Турција ги смета прокурдската милиција - Единици за народна заштита и Курдската партија за демократска унија, за терористички групи кои планираат да создадат автономна курдска област во Сирија, иако тие соработуваат со САД во борбата против Исламска држава.
Ново на Сител
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите