МБА: Потврда дека банкарскиот систем останува стабилен и од Standard & Poor’s
Во најновиот извештај на агенцијата Standard & Poor’s се потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја од ББ- со стабилен изглед и помеѓу другото, се наведува дека банкарскиот систем останува стабилен. Ваквите констатации на оваа меѓународно реномирана агенција според Македонската банкарска асоцијација, недвосмислено ги потврдуваат веќе изнесените оценки за банкарскиот систем од МБА, Народната банка и други релевантни институции во нашата земја, како резултат на сите политики и реформи направени во последните две и пол децении.
-Стабилниот банкарски сектор е клучен за финансиската стабилност и е еден од носечките столбови на македонската економија на којшто со целосна доверба можe да се потпре секој граѓанин и секоја компанија. Во таа насока, членките на Македонската Банкарска Асоцијација ја продолжуваат традиционално добрата соработка со Народната банка и сите други релевантни институции, за зачувување и унапредување на стабилноста и ефикасноста на банкарскиот систем, стабилниот курс на денарот, задоволување на потребите на стопанството и населението за банкарски услуги и справување со предизвиците предизвикани од корона-кризата и во периодот кој следи, наведуваат во соопштение од МБА.
Македонската банкарска асоцијација ја поздравува одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за пристап на Народната банка до девизна ликвидност во евра преку репо-линија, во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа. Ова големо постигнување за нашата земја, коешто се темели и на оценките на ЕЦБ за работењето на Народната банка и добрите перформанси на банкарскиот сектор, претставува конкретен чекор со многу позитивни ефекти во натамошното интегрирање на нашиот монетарен и финансиски систем во тековите на Европскиот монетарен систем како и големо признание од страна на ЕЦБ за успешното спроведување на политиките во монетарната и финансиската сфера во нашата земја.
Македонската Банкарска Асоцијација на сите граѓани им го честита Денот на независноста 8-ми Септември со голема верба и надеж за натамошен просперитет на нашиот пат кон полноправно членство во Европското семејство.
Ново на Сител
-
Претседателот на Олимпијакос обвинет за поттикнување насилство во спортот
-
Мастурбирањето е половина машко здравје | Д-р Дејан Огненовиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 072
-
Пронајдени црните кутии во урнатиот товарен авион на ДХЛ кај аеродромот во Вилнус
-
Сиљановска Давкова и Филипче разговарале за политичките и безбедносните состојби и деблокадата на евроинтеграциите
-
Република Северна Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра