Манев: Палчо запали цигара откако ја закопавме Вања, ги чистеше лопатите со спреј за да прикрие траги
Пиштолот со кој биле убиени Вања и Панче, задно со три мотороли биле земени од послушник на Палчо за да ги уништи. Палчо му наредил на обвинетиот Велибор Манев да му ги предаде на овој човек, а Манев до сега не сакал да открие за кого се работи бидејќи бил семеен човек, не бил вмешан во убиствата и не сакал да поминува затворска голгота како нив.
За кого станува збор, Манев рече за тоа треба да го прашаат Палевски. Според одбраната на Палчо, Манев лаже.
И Палевски и адвокатот прашуваа кога Манев увидел дека киднапираат малолетно девојче, а не 40 годишна жена како што било предвидено. Манев кажа дека откако била извадена од вреќа и го одлепил салотејпот од уста и тогап видел. Палчо тогаш сликал за да бара пари за откуп.
Јас го одлепив салотејпот, Палевски сликаше со пиштолот вперен во Вања, за сликите да бидат пострашни и родителите да ги дадат парите за пократко време.
За тоа зошто немало траги од крв на местото каде што била убиена Вања, Манев вели дека е поради тоа што Палевски ја убил дури била во вреќа, а потоа веднаш ја префрлиле кон дупката која Палчо им наредил да ја ископаат, додека тој пушел цигара.
Откакио завршивме со закопувањето, Љупчо Палевски ладнокрвно запали цигара и тогаш го отвори телефонот и кажа дека стигната џева на интернетов дека се бара Вања.
Откако го закопале девојчето Палевски со спреј ВД-40 за отстранување на ДНК, ги исчистил лопатите и алатот и на 500 метри од местото, Кешишев од кола ги фрлил во дол. Перницата преку која Палевски пукал, како и вреќата ги запалиле заедно со цитроенот.
На следното рочиште судијата ќе му поставува прашања на Манев, а следен за исказ е обвинетиот Боре Видески.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар