-->
-->
Манчини е уверен дека Италија е заслужено во финалето на ЕВРО 2020
-->
Селекторот на Италија, Роберто Манчини ги сподели своите впечатоци по синоќешниот натпревар од полуфиналето на ЕВРО 2020 против Шпанија (1:1, на пенали 4:2).
– Се стремевме кон финале, иако многу малку луѓе веруваа во тоа пред почетокот на турнирот. И честитам на репрезентацијата на Шпанија. Ова е одличен тим, а пеналите се лотарија. Ние заслужуваме да бидеме тука. Знаевме дека ќе биде тешко. Секој сака да победи, но нашиот тим сакаше да постигне нешто посебно, и го стори тоа. Овој состав е неверојатен, истакна Манчини.
Ривал на репрезентацијата на Италија ќе биде поуспешниот од мечот Англија – Данска закажан за вечер од 21 часот на „Вембли“ во Лондон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот