Макрон: Светските сили се должни да му помогнат на либанскиот народ
Светските сили се должни да му помогнат на либанскиот народ по катастрофалната експлозија што уништи голем дел од Бејрут, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон на отворањето на донаторската конференција за Либан.
– Треба да дејствуваме брзо и ефикасно, така што оваа помош да оди директно таму каде што е потребна, рече Макрон, додавајќи дека „иднината на Либан е во прашање“.
Тој исто така рече дека понудата за помош вклучува поддршка за непристрасна, веродостојна и независна истрага за експлозијата во пристаништето на 4 август, во која загинаа 158 лица.
Макрон е домаќин на донаторската видео конференција со поддршка на ООН, на која е најавено учество на американскиот претседател Доналд Трамп.
Експлозијата во магацинот во пристаништето се проценува дека предизвикала штета до 15 милијарди долари.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид