Макрон гледа „значителен напредок“ за Украина по средбата со Трамп
Францускиот претседател Емануел Макрон гледа „значителен напредок“ по неговите вчерашни консултации со американскиот претседател Доналд Трамп за војната во Украина.
Има конкретни разговори за акциски план за постигнување траен мир во кој ќе биде вклучена Украина, изјави Макрон по средбата во Белата куќа.
– Верувам дека денешниот ден беше пресвртница во нашите дискусии, рече тој.
– Ја споделуваме вашата желба за мир, му рече францускиот лидер на Трамп, но додаде: „Мирот не може да значи предавање на Украина“, пренесе ДПА.
Францускиот лидер рече дека се разговарало за безбедносните гаранции и од Европејците и од САД. Макрон инсистираше на „траен мир“ и рече дека нема да има примирје без безбедносни гаранции.
Франција веќе разговараше со Британија за прашањето за испраќање мировни трупи како дел од безбедносните гаранции.
– Свесни сме и дека Европејците мора да направат повеќе за безбедноста во Европа, за одбраната во Европа и за поправедна распределба на безбедносниот товар, рече Макрон.
Ново на Сител
-
Макрон гледа „значителен напредок“ за Украина по средбата со Трамп
-
Британската Влада не ја сака Русија во Г7 додека трае војната во Украина
-
Трамп: Нема да дозволиме да се дојде до трета светска војна
-
Известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц на средби во македонското Собрание
-
Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител на денешната владина седница
-
Променливо облачно време со пораст на дневните температури
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13