Македонските ракометарки со триумф над Хрватска го избегнаа последното место на Европското јуниорско првенство
Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација ја совлада попладнево Хрватска со 31-26 и го заврши настапот на Европското првенство во Романија на претпоследното 15. место.
По шесте последователни порази, македонските ракометарки денеска во Миовени за противник ја имаа Хрватска во натпревар во кој двете репрезентации посакуваа со победа да го избегнат последното место на Европското првенство.
Македонските ракометарки беа поквалитетни на паркетот и до полувремето стекнаа двоцифрена предност од 18-8. Хрватската репрезентација се обиде да се врати резултатски во натпреварот и на четири минути до крајот ја намали негативата на 28-25, но избраничките на селекторот Јулијана Дамчевска го издржаа притисокот и со победа го завршија настапот на континенталниот собир.
На денешниот триумф претходеа поразите од Црна Гора (33-29), Данска (39-27), Чешка (29-24), Норвешка (29-23), Србија (30-19) и Исланд (35-29).
Ново на Сител
-
Собрание: На 10 септември седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР и надзорна посета во просториите на АНБ
-
ОЈО ГОКК биле во АНБ
-
Зеленски: Во Украина ќе бидат распоредени илјадници странски војници
-
24-годишник полово злоупотребувал 5 годишно девојче со кое бил во роднинска врска
-
Трамп: Ја изгубивме Русија поради најцрната Кина
-
Рама: Албанските, косовските и македонските туристи се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи
-
Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека ќе нема нови барања
-
Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за Денот на независноста